Вчера изречени 149 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкциja, 14 мерки за возење без возачка дозвола, а четири за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Изречени се и 14 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири прекршоци што ги прават пешаците, 10 мерки за користење на мобилен телефон... Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потсетуваат од МВР.