Вчера изречени 131 казни на возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции.
Изречени се и 27 мерки за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола, пет мерки за нерегистрирани возила, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло),  шест за возач почетник…  
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.