Вчера беше роденденот на Есма Реџепова, жената која одгледа 47 деца

На 8 август 1943 година родена е познатата македонска пејачка и хуманитарка Есма Реџепова. Таа почина на 8 декември, 2016 година. Јавноста ја памети Есма како жената со ангелски глас и големо срце. Граѓаните замеруваат дека државата брзо ги заборавила нејзините дела и нејзиниот придонес за македонската музика и општество. 

Есма никогаш не родила свои деца, но посвоила и одгледала 47. Сите тие растеле и се школувале во ансамблот „Теодосиевски“. Мајката на најмногу деца во Македонија денес има повеќе од 100 внуци и правнуци. И покрај настапите, и покрај грижата за големото семејство, таа успеа да даде и свој придонес во политиката.

Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од првото музичко откривање на 11 март, благодарение на ангелскиот глас стана светски прифатена и призната, таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.

Есма Реџепова сними и објави повеќе од 580 песни, меѓу кои и две платина и осум златни дискови. Изврши повеќе од 22.000 концерти, од кои една третина се одржаа за добротворни цели. Со Ансамблот Теодосиевски сними 108 синглови, 32 компактни касети, 15 дискови, шест видеокасети и бројни телевизиски емисии.

Реџепова најмногу пееше на ромски и македонски, но исто така сними песни на српскохрватски, турски, хебрејски, грчки и хинди. Реџеповите песни често зборуваат за љубов, тага и брак. Една од нејзините најпознати песни наречена Чаје Шукарие стана химна за сите Роми насекаде низ светот.

Во продолжение во потсетуваме на eдна од нејзините напопуларни песни: