Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потсетуваат од МВР.