Важно е да бидеш своја, а љубовта сама ќе си дојде...

Многу жени живеат со заблудата дека еден ден ќе се појави вистинскиот човек кој ќе ги спаси, кој ќе ги направи среќни и со кои ќе живеат среќно до крај на животот. Но, тоа не се случува така. За да имате вистинска врска треба да имате и вистински очекувања. Ако се ослободите од наметнатите стереотипи, полесно ќе успеете да најдате љубов. Еве неколку совети за тоа:

Важно е да бидеш своја, а љубовта сама ќе си дојде. Не може само да чекате некој да ве забележи, морате да работите на себе и да бидете свои, да знаете што сакате и каква личност сакате да бидете. Работете на себеси, развивајте се и сигурно ќе се појави некој што ќе ве забележи.

Не ви треба маж за кого треба постојано да се докажувате и да се мачите да го терате да остане. Љубовта мора да дојде без форсирање од двете страни и заеднички да уживате во љубовта до степен што никој нема да посака да си отиде. Убаво е да се борите за љубовта, но тоа не треба да биде воено поле. 

Отфрлете ги старомодните норми дека мажот мора да го направи првиот чекор. Да, убаво е кога мажот ќе го направи првиот чекор, ама има мажи кои се поповлечени и посрамежливи. Не седете пасивно, ако ви се допаѓа некој преземете ги работите во свои раце, јавете му се, поканете го да излезете.

Важно е како се чувствувате, но никогаш не смеете да ги занемарите чувствата на партнерот. Ако постојано мислите само на себе, нема да може да изградите среќна и функционална врска.

Мажот и жената подеднакво треба да се трудат и да вложуваат во врската. Рамнотежата е многу важна.