Важно доколу годинава сте купиле велосипед - Може да си вратите 4.000 денари

Град Скопје денеска на официјалната веб страна го објави јавениот повик за субвенционирање на граѓаните на град Скопје за купување велосипеди за 2023 година.

Право на аплицирање имаат граѓаните на градот Скопје кои имаат купено велосипед од 01.01.2023 година и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

- Оваа мерка е дел од проектите за подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди, со што значително би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот, појаснуваат од Град Скопје.