Важна информација за сите кои се возат со автобусите на ЈСП

Во пресрет на верските празници Св.Петка и Св.Пантелејмон утре, задутре и во четврток, ЈСП Скопје ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28.

Како што соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, утре на линијата 69 која сообраќа од Транспортен центар до село Дивле ќе се реализира едно поаѓање, во 15.30 часот. В среда ќе сообраќаат три автобуса од село Дивле кон Транспортен центар, во 5:45, 15:30 и во 19:30 часот.

Овие поаѓања, како што се наведува, се вонреден превоз имајќи предвид дека автобуската линија 69 сообраќа само за време на викенди. Вонредниот превоз е по барање на црковниот одбор на „Св.Петка“.

ЈСП Скопје информира дека в среда и четврток ќе обезбеди дополнителен број автобуси на линијата 28.

В среда освен редовните поаѓања утврдени со летниот возен ред, автобус на линијата 28 од Транспортен центар кон Нерези (Македонско село) ќе има и во 17:20 часот, како и во 19.50 часот во обратен правец. В четврток вонреден автобус ќе има во 7:10 часот од Транспортен центар кон Нерези (Македонско село), односно во 11.20 часот во обратен правец.

ЈСП Скопје соопшти дека во овој случај одговориле позитивно на барањето на манастирот „Св.вмч.Пантелејмон“.