Важна информација ако деновиве одите на одмор во Грција - штрајк, траектниот сообраќај во прекин

Илјадници патници денеска останаа блокирани на грчките острови поради штрајкот на пристанишните работници кои бараат зголемување на платите и намалување на даноците.

Главниот синдикат на ПНО ќе одржи состанок во текот на денот за да одлучи дали ќе продолжи еднодневниот штрајк.

Компаниите што се занимаваат со траектен превоз соопштија дека штрајкот ќе погоди околу 180 000 луѓе кои планирале да одат или да се вратат на островот. Најпопуларните острови, Миконос, Санторини и Крит, исто така беа погодени, објавија АП.

Многу острови немаат авионска врска со остатокот од земјата.
Синдикатите бараат зголемување на заработката за пет отсто по осум години замрзнување на платите поради должничката криза. Работодавците нудат еден процент. Туризмот носи клучни приходи во Грција, а оваа година се очекува рекорден број туристи.