Важен меч за македонската репрезентација: Ќе падне ли денеска Бахреин?

Новиот ден на Светското првенство ќе биде отворен исто како и во петокот со натпревсарот на Македонија. Пресметката против Бахреин ќе биде старт на убав ден во Минхен каде очекувањата се Македонија да дојде без поголеми проблеми до втората победа и на тој начин да влезе во клучните пресметки со две победи.

Денеска дербито е меѓу Шпанија и Исланд од 19 часот, а тоа ќе биде двобој кој ќе биде од големо значење за продолжението од групата. Што се однесува до средбата Хрватска-Јапонија тука не би требало да има поголеми проблеми за „коцкестите“.

Во групата Д, пак, двете репрезентации од Европа се фаворити за победа, а Египет може да ја искористи лошата форма на Катар и да се обиде да дојде до бодови во првиот дуел.

ДЕНЕСКА НА СП

ГРУПА Б

14:00ч

МАКЕДОНИЈА – БАХРЕИН

16:30ч

ХРВАТСКА – ЈАПОНИЈА

19:00ч

ШПАНИЈА – ИСЛАНД

ГРУПА Д

15:30ч

КАТАР – ЕГИПЕТ

18:00ч

УНГАРИЈА – АНГОЛА

20:30ч

ШВЕДСКА – АРГЕНТИНА