Ваучер за одмор само во семејствата со еден вработен

Новата владина мерка за доделување на ваучери за туризам, сепак нема да ги опфати семејствата кои имаат вработно двајца членови со минимална плата. 

Овој ваучер ќе биде доделен само на семејства со еден вработен. 

Во повкот е наведено дека право на учество имаат сите оние кои немаат над 30.000 денари заедничко примање, во последните три месеци. 

Со оглед на тоа што минималната плата сега изнесува 15.194 денари, автоматски значи дека двајца кои земаат минимална плата нема да можат да добијат ваучер. 

За да се аплицира потребни се повеќе документи. Ваучерот е 200 евра за 1250 семејства. 

Рокот за аплицирање е до 30 јуни, а ваучерите ќе треба да се искористат до крајот на месец ноември.