Василичарите од Боемска ве покануваат заеднички да го одбележиме празникот Василица

Василичарите од Боемска ве покануваат заеднички да го одбележиме празникот Василица, на 14 јануари 2025, со почеток во 16:00 часот на Боемска улица, Дебар Маало.

Дојдете да се дружиме и заедно да бидеме хумани!

Сите средства собрани од продажбата на македонските традиционални јадења, како и греана ракија, греано вино и друго, ќе бидат донирани на дечињата со Даунов синдром од НВО дневниот центар „Доза среќа“.

Дојдете заедно да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Во духот на празниците, да си помагаме, да бидеме солидарни и хумани.