Василичарите од Боемска синоќа славеа Василица во Дебар Маало

Василичарите од Боемска синоќа го одбележаа празникот Василица во Дебар Маало. Се славеше со музика, греана ракија и вино и богата трпеза. 

Како што најавија, прославата има хуманитарен карактер. 

- Сите средства собрани од продажбата на македонските традиционални јадења, како и греана ракија, греано вино и друго, ќе бидат донирани на дечињата со Даунов синдром од НВО дневниот центар „Доза среќа“, порачаа организаторите.