Поранешниот директор на „Водовод и канализација“, Бојан Василевски кој го раководеше ова јавно претпријатије во време кога Коце Трајановски беше на чело на Град Скопје на социјалната мрежа „Х“ ја повика Владата да ги одземе ингеренциите на „Водовод“ и да им го забрани планираниот зафат. Според неговите информации со ова може да се предизвика уште поголем проблем и Скопје да остане без вода и повеќе денови.
„Ја повикувам Владата да ги одземе ингеренциите на „Водовод“ Скопје или да им забрани да прават било што во врска со планираниот зафат. По добиените информации од внатре, тоа што планираат да го направат ќе предизвика само поголема беља , а Скопје може да остане без вода и многу повеќе од неколку дена. Нека ја земе некој стручен работата во свои раце додека не стане КАСНО!!! Премногу е сериозна работата“, напиша Василевски на социјалната мрежа „Х“.
Според него, Водовод има многу стручни кадри кои се маргинализирани и посочува дека планот за санација е кастрофален.
По добиените информации од внатре, тоа што планираат да го направат ќе предизвика само поголема беља , а Скопје може да остане без вода и многу повеќе од неколку дена. Нека ја земе некој стручен работата во свои раце додека не стане КАСНО!!!
Премногу е сериозна работата!!!— ⰱⱁјⰰⱀ ⰲⰰⱄиⰾⰵⰲⱄⰽи (@bojanvasil) December 17, 2024