Васил со круна од огледала на почетокот на евровизиската недела - еве кое е нејзиното значење

Започна евровизиската недела, а тоа значи и последни проби пред полуфиналињата, прес-конференции и запознавање со претставниците. 

За разлика од претходните години, наместо по црвен тепих, претставниците ќе продефилираат на предевровизиските настани на тиркизно син тепих, кој поради некоја причина е избран како посоодветен при пандемиските мерки. 

Васил на тиркизниот тепих се појави во црн мантил без ракави, долг до подот, а на главата носеше круна од огледала. 

Според него, „Огледалото секогаш ја открива вистината, без разлика дали добра или лоша“. Ова е неговата изјава за пресот на Евросонг.