Васил: Најголема гордост за мене е што мојата биографија започнува со „Македонскиот баритон“

Васил Гарванлиев преку Инстаграм и останатите социјални мрежи се обрати на целата јавност, со цел да ги појасни сите недоумици во врска со неговите спот и изјави.

Тој најпрво објаснува дека во својата држава Македонија ја започнал кариерата на 7-годишна возраст, но потоа поради сплет на околности неговото семејство повеќепати се селело во странство. 

Сепак тој вели дека најголема гордост за него е што неговата биогафија, без разлика каде и да е во светот, започнува со зборовите: „Македонскиот баритон Васил Гарванлиев...“

Јавноста се уште е со поделени ставови околу неговата морална одговорност и настапот на Евровизија. Дел од нив сметаат дека најдоблесно би било да се избере нов претставник, други дека треба целосно да го повлечеме учеството, но дел сметаат дека најдобро е да оставиме настапот и песната да ги потиснат сите контроверзии и да дозволиме да уживаме во мелодијата и гласот на пејачот.