Васил, момчето со церебрална парализа, по седум дена возење со трицикл низ Македонија, пристигнува во Охрид

Малкумина веруваа дека може! Васил Јанкула и неговиот тренер Тони Ангеловски беа сигурни дека ќе успеат, и се осмелија да тргнат на пат од околу 600 километри.

Од Ресен, преку Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, и Струга, денеска ќе пристигнат во Охрид. Се очекува на Охридското пристаниште да пристигнат нешто по 16 часот, пишува 24инфо.

Утре Васил јанкула преку Галичица ќе го затвори кругот околу земјата и ќе пристигне во Ресен.

Nike Kyrie 4