Вашиот фитнес сојузник и природен лек против настинка и висок притисок

Јогуртот содржи калциум и неколку добри бактерии, тој ја балансира секојдневната исхрана, ги зајакнува коските, но и го елиминира стресот и депресијата. Освен тоа, овој млечен производ го зајакнува и имунитетот, здравјето на срцето и забите.

Го намалува крвниот притисок

Редовното конзумирање на јогург го намалува ризикот од висок крвен притисок, научниците потврдија дека само 170 гр. јогурт дневно го намалува ризикот од висок крвен притисок за 31 процент.

Фитнес сојузник

Густиот, т.н „грчки јогурт“ содржи протеини и јаглехидрати поради кои се препорачува да го пиете по тренингот. Протеините овозможуваат брзо закрепнување и влијаат на растот на мускулите, додека јаглехидратите го стабилизираат нивото на инсулин во организмот.

За поубава насмевка

Јогуртот е одличен избор за здравјето на забите, бидејќи ја намалува појавата на кариес и го ублажува непријатниот здив.

Против настинки

Исто како што го подобруваат варењето, така пробиотиците го зајакнуваат и имунитетот и спречуваат настинка. Бројни истражувања потврдиле дека само 300 гр. јогурт дневно го намалува ризикот од настинка за 25 проценти.