Вашата среќа никогаш не била во рацете на другите луѓе

Ќе го сфатите тоа еден ден – дека среќата никогаш не била поврзана со вашата работа, ученост или со тоа дали сте во врска. 

Среќата никогаш не била поврзана со тоа да одите по чекорите на оние кои биле пред вас, никогаш не се работело за тоа да бидете како останатите.

Еден ден ќе го видите и тоа, дека среќата секогаш е работа на откривање, надеж, слушање на срцето и следење на срцето онаму каде што тоа одлучило да оди.

Среќата секогаш е во тоа да бидете пољубезни кон себе, секогаш се работело за тоа да ја прифатите личноста која станувате.

Еден ден ќе го сфатите тоа.

Таа среќа секогаш била поврзана со тоа да учите како да живеете сами со себе, таа среќа никогаш не била во рацете на други луѓе.

Секогаш се работело за вас.

Секогаш се работело за вас.

~ Бјанка Спарачино