„Вардарки“ пред освојување на нов трофеј во Купот на Македонија

Ракометарките на ЖРК Вардар ја имаат фаворитската улога во домашните натпреварувања, па така важат како најголеми кандидатки за освојување на трофејот во Купот на Македонија.

Завршниот турнир во ова натпреварување ќе се одигра денеска и утре во салата „Автокоманда“ во Скопје. ЖРК Вардар е победник на Купот на Македонија последните три сезони, а има вкупно четири пехари во ова натпреварување.

Во првото полуфинале кое почнува во 13:30 часот домаќинот Металург игра против екипата на Прилеп, додека во второто полуфинале од 16:30 часот е дуелот меѓу ЖРК Вардар и Гевгелија.

Финалето ќе се одигра утре со почеток во 12:30 часот. Влезот во салата двата дена е слободен.