Вардариште нема да се реконструира годинава

Вардариште нема да се реконструира годинава, информира градоначалникот Петре Шилегов. Причината за ваквата одлука, како што посочи тој е што Градот пред пред неколку дена ја добил градежната дозвола, дознава Слободен печат. 

– Десет милиони денари нема да стојат на таа сметка затоа што нема потреба. Три милиони денари ќе се наменат за подобрување на условите во Вардариште. Проектот останува за наредната година – рече Шичегов.

Останатите седум милиони денари ќе бидат повлечени од буџетот, а за што ќе се пренаменат, градоначалникот не соопшти.

Наредната недела ќе се одржи дебата со невладините организации за заштита на животните за тоа како да се подобрат условите во Вардариште.