Вардарци слават, „грми“ и во авионот: Напред Вардаре, тебе те сакаме! (видео)

Со чартер лет во 1.00 часот по полноќ вардаровата експедиција се врати од Истанбул, каде го оствари најголемиот успех во својата историја на меѓународна сцена - пласманот во групната фаза на Лига Европа.

За време на едночасовниот лет од турскиот до македонскиот главен град се пееше и скандираше навивачки песни во чест на успехот и победата над Фенербахче.

Погледнете како изгледаа моментите на еуфорија во авионот на Вардар:

Еве како се славеше во автобусот на Вардар на пат за аародромот во Истанбул:

Фудбалерите ќе имаат доволно време за одмор и рекупарација, бидејќи натпреварот од третото коло на ПМФЛ против Работнички е одложен.  

Извор: Гол.мк