Вардарци се фаворити и за Германките (ФОТО)

Ракометарите на Вардар добиваат дополнителна поддршка пред денешниот дуел со Монпелје во Келн, а таа доаѓа од навивачките од Германија.

Тие се најдоа во првите редови при претставувањето на шампионите пред публиката во Келн, а имаа можност да направат голем број на фотографии и видео снимки за овековечување на моментот, пренесува 24Ракомет.

Навивачките од Германија се обидоа да дојдат до селфи со ракометарите на Вардар и до автограм, но немаше како да се стигне до ракометарите бидејќи ги делеше заштитна ограда и обезбедување, па ќе мора да почекаат друга шанса за да го направат тоа со омилените ракометари.

Имаше врескање и поддршка кон вардарци, а ова е знак дека актуелниот европски првак ќе има голема поддршка од трибините и утре во полуфиналето.