Вардар со историска победа - највозбудливиот момент од натпреварот (видео)

Вардар на уверлив начин го декласираше Флензбург со 35:27 и за првпат во историјата се пласираше на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Вардарци во завршните моменти од средбата веќе ја имаа осигураната победата над противникот од Германија, а во една таква ситуација, дојде еден навистина лесен гол на Шишкарев кој можеше да биде спречен од едно од девојчињата кои се задолжени за листење на подлогата.

Девојчето очигледно не очекуваше дека акцијата на Флензбург ќе заврши толку брзо, па во дадениот момент мораше да реагира прибрано за да не му спречи чист гол на Шишкарев. Навистина несекојдневна ситуација, со која само беше збогатена историската ноќ во „Јане Сандански“ во која Вардар стана првиот македонски тим кој обезбеди пласман на еден фајнал-фор турнир.