Вардар се излеа во Скопје, дождот не запира (видео)

По дождот кој од вчера врне, со вообичаен интензитет за овој период од годината, утрово реката Вардар се излеа од своето корито во центарот на Скопје.

Од Центарот за управување со кризи, известуваат дека изминативе 24 часа на територијата на Република Македонија новите врнежи од дожд ги зголемија водостоите на сите водотеци во земјата, а особено покачување се бележи на водотеците од западниот дел на земјата.

Според податоците од терен најголеми промени на водостојот се бележат на рекатаРадика-Бошков Мост, реката Сатеска – Ботун, реката Вардар – Јегуновце.

Според најавата на УХМР не севочекуваат обилни врнежи од дожд. Најголеми покачувања на водостоите се очекуваат во западните и југозападните делови од државата, северните, а во текот на наредните 24 часа и на останатиот дел од државата.

Поради високите водостои на одредени критични места можна е појава на излевање на реките р.Радика, р.Црн Дрим, р.Сатеска, р.Вардар – горен тек, како и нивните притоки. Поради тоа предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, стои во соопштението на ЦУК.