Вардар се излеа во Аеродром (ВИДЕО)

Вардар вчера се излеа во Аеродром зад Фондот за пензиско. Видеа од излевањето се објавени и на социјалните мрежи.

Канал 5 јавува дека пешачката патека беше целосно под вода, а таа стигнала и до велосипедската патека на кејот на Вардар.

Од Центарот за управување со кризи предупредуваа љуботните граѓани да не се доближуваат до надојдените реки бидејќи тоа може да биде опасно за нив.

Нивото на Вардар е за трипати поголемо во Велес.Поради надојдените води по Вардар низ центарот на Велес пловеа стотици пластични шишиња, собрани од надојдените води на реката од бреговите долж реката.

Од УХМР вчера соопштија дека непрекинатите врнежи придонеле за зголемување на нивото на водата во реките, особено на река Вардар во горниот тек и нејзините притоки. Оттаму посочуваат дека е високо и нивото на реката Бабуна кај Богомила и далеку над просекот, но засега нема излевање. Високо е нивото и на реката Тополка во реонот на велешко.