Вардар се излеа кај Сарај

Излевањето на реката Вардар поплави делови од селото Рашче во општина Сарај. Најголеми штети се предизвикани во нивите. 

- “Под вода е цело време од пролет и кога е време за сеидба на житото. Секогаш имаме проблеми. Не знам до кога вака и како ќе се реши проблемот. Треба да се реши проблемот, тука поминува народ и им се расипуваат возилата“, велат жители за Алсат и додаваат дека често има ваков проблем.

Жителите на Рашче се жалат дека општината Сарај досега не презела ништо за да се реши нивниот проблем.

Од општина Сарај велат дека немаат средства за долгорочно решение на овој проблем.

“Општината е во потрага по долгорочно решение. Во преговори сме со Град Скопје за составување проект за да се среди коритото на реката Вардар“, изјави Џелал Јакупи, секретар на општина Сарај.