Вардар против Кјелце в сабота за прво место во групата

Нашиот најпопуларен ракометен клуб, „Вардар“ в сабота ќе ги одмери силите со европскиот првак Кјелце во рамки на ракометната Лига на шампиони. Ова ќе биде нив втор меч сезонава, а Вардарци се надеваат на поддршка од трибините и нови бодови за зацврстување на првата позиција во групата „Б“.

Двете екипи ја делат првата позиција во групата „Б“, па саботниот натпревар ќе биде одлучувачки за тоа кој ќе го понесе епитетот на лидер. Кјелце и Вардар не се во најдобра форма, судејќи по последниот одигран натпревар, каде Вардар загуби на гостувањето во Загреб, додека Кјелце загуби дома од германскиот Рајн Некар. Полската екипа памети исклучително висок пораз од Црвено-црните лани, кога во СЦ„Јане Сандански“ загубија со високи десет разлика (34:24). Сепак, оваа сезона Кјелце има серија од 4 врзани победи и три нови засилувања од светски калибар. 

Натпреварот ќе се игра во сабота во салата во Аеродром, „Јане Сандански“ со почеток од 17:30 часот, а правдата ќе ја дели словачкото дуо Михал Бадура и Јарослав Ондогрецула и Чехот Јириж Конечни.