Вардар поразен од Кил во Скопје

Вардар одигра неверојатно лошо прво полувреме во кое даде само четири голови, на крајот поразот беше неизбежен, Кил победи во Скопје со 20-31.

Вардар го одигра најлошото полувреме досега, избраниците на Писонеро не беа свои во првите 30 минути, а тоа ги чинеше пораз во големиот дерби натпревар против силниот германски тим.

Шампионот на Македонија и Европа првиот гол го постигна дури во 10. минута и тоа од пенал, а вториот, кој беше прв од игра, дури во 20. минута. Ништо не одеше, грешки во нападите, промашувања, одбрани на голманот, „црвено-црните“ во првиот дел дадоа само четири гола и на одморот отидовме со негатива од 12 погодоци (4:16). 

Во вториот дел Вардар беше оној вистинскиот, стигнавме, во бучната сала почна да се топи предноста на Кил, дојдовме и на минуст шест, но пропуштеното во првиот дел беше многу големо за да се надополни. 

Кога избраниците на Писонеро снемаа мотивација во финишот, Кил ја врати двоцифрената предност и на крајот триумфираше со високи 20-31. 

Но и покрај високиот пораз ракометарите на Вардар со овации беа испратени од навивачите, кои пеаа долго по крајот на натпреварот. 

Тимур Дибиров беше прв стрелец во редовите на Вардар со 5 погодоци, Криштопанс постигна еден помалку, додека другите ракометарии имаа многу мал придонес. Голманот Калифа со два гола од два обиди, беше еден од поефикасните. 

Што се однесува до противникот, Пекелер со 8 погодици беше најдобар поединец, Дувњаќ реализраше 6 гола.