Вардар на гости кај Рајн Некар Ловен

Европскиот шампион Вардар вечер од 19 часот го очекува нов настап од Лигата на шампионите. Во рамките на 9.коло од групата А „црвено-црните“ гостуваат кај германскиот првак Рајн Некар Ловен. Противникот е во серија од три порази по ред во сите натпреварувања, а еден е од Вардар од минатиот викенд во Скопје.

На ова гостување тренерот на Вардар Раул Гонзалез ќе има засилување во однос на предходниот дуел на двата тима. Во тимот се враќа Лука Циндриќ, додека поради повреда нема да настапи Фереира Мораеш.

Одбраната на Вардар којае најдобра во Лигата на шампионите – примени 188 голови ќе биде на вистински испит, особено што досега само ПИК Сегед и РНЛ имаат постигнато по 26 голови против Вардар.

Вардар е лидер на табелата во групата А со 15 бодови, Нант се проби на второто место со 13 бодови. Барселона е трета со 12, а РНЛ е на четвртата позиција со 11 бодови.

На вчерашниот дуел Нант ја победи Висла со 32:30, а Кирил Лазров постигна три голови. Во четвртокот Барселона како гостин го совлада Загреб со 32:24.

Покрај дуелот Рајн Некар Ловен – Вардар, попладнево играат и Кристијанштад – ПИК Сегед.

nike air max 1 sale