Вардар мора да биде многу претпазлив против Кил

Ракометарите на Вардар во неделата стигнаа до голема победа на гостувањето во Кил, победа со која тимот втора година по ред се доближи до пласман на финалниот турнир од Лигата на шампионите во Келн, кади лани црвено- црните ракометари станаа европски шампиони.

Противникот на вардарци, од сезоната 2009-2010, откако најелитното натпреварување се игра во овој формат, односно со завршен турнир, е редовен во елиминациите, Кил секогаш играш игра во осминафиналето или четвртфиналето.

Тие имаат 34 средби во елиминациската фаза, на тие средби имаат 25 победи, едно реми и осум порази.

Ланската сезона е доказ дека Вардар никако не смее да се опушти пред реванш дуелот, во осминафиналето од минатата сезона Кил на домашен терен беше поразен на домашен терен од Рајн Некар со 24:25, но на реваншот успеа да ја анулира оваа предност и да помине во следната фаза, откако во Манхајм славеа со 24:26, но на патот кон финалниот турнир во Келн им застана славната Барселона.

И тренерот на Вардар, Раул Гонзалез изјави дека неговите ракометари мора да бидат претпазливи пред реваншот во Скопје, кој се игра во недела.

-Среќни сме поради победата, беше тешко да се игра во таква атмосфера. Кил има еден добар тренер и одлични играчи, но ние одлично го започнавме натпреварот. Одбраната скоро и да беше перфектна во првото полувреме, контранападот ни помогна навистина многу. Во второто полувреме имавме среќа. Мораме да бидеме претпазливи бидејќи Кил има квалитет да победи и на гостински терен, изјави Раул Гонзалес.