Вардар ги пушти во продажба билетите за Супер Куп на Македонија

Вардар е домаќин на првиот Супер Куп на Македонија во ракомет што утре се игра во салата во СЦ „Јане Сандански" и пуштени се во продажба билетите за истиот натпревар.

Натпреварот е коорганизација на Вардар и на Ракометната федерација на Македонија е закажан за вторник (12 септември 2017) во 17 часот во салата во СЦ „Јане Сандански". Наш противник ќе биде екипата на Еурофарм Работник од Битола со која игравме и во финалето на Купот на Македонија.

Цената на билетите е 50 денари и може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот.
Сите што поседуваат сезонски билети за натпреварите на РК Вардар, или пак Вардар ПАС можат со покажување на ваучерите да го проследат натпреварот.

Супер куп натпреварор за првпат ќе се игра и во Македонија, на двата тима што ги освоија трофеите, во првенството и Купот. Но, бидејќи Вардар е освојувач на двојната круна, во првенствот и Купот, наш ривал ќе биде финалистот од Купот. А тоа е битолската екипа на Еурофарм Работник. Во финалето на Купот на Македонија во мај годинава во Битола ние славевме со 31-26.

Во иднина Супер купот треба да стане традиција и да се игра пред почетокот на новата сезона во домашното првенство. А тоа во Македонија почнува следниот викенд. Вардар не учествува во првиот дел од првенството бидејќи настапува во регионалната СЕХА лига