ВАРДАР Е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН - Гооооооолт на Чупиќ!!!! (видео)

ПСЖ мислеше дека се извлече, но Иван Чупиќ со гол во последната секунда го реши најмоќниот, за триумф од 24-23. За европска титула во машка конкуренција. Вардар е победник на Лигата на шампионите!!!

Вардар подобро го започна финалето. Цврстата одбрана и одличниот Штербик можеби не беа изненадување за ПСЖ, но делуваа беспрекорно. Во нападот, Чупиќ двапати погоди од седмерец, Душебаев го пронајде патот до мрежата на Омејер, а потоа и Дибиров, за водство од 2-5 за „црвено-црните“ по 12 минути игра.

Се разбудија и Хансен и Генсхајмер, но Дибиров во контранапад, а по одличните одбрани на Штербик, донесоа нова предност од три гола (4-7) по 20 минути.

Во 37.минута, Нока Сердарушиќ се реши за ново изненадување, игра во нападот „7 на 6“. Никола Карабатиќ намали на 15-16.

Шишкарев одлично одзема топка во одбраната и извлече противнапад за водство од 16-18 по 40 минути игра.

ПСЖ продолжи да игра „7 на 6“, и тоа им се одмазди. Загубија две топки, а Абутовиќ и Шишкарев зголемија на 17-20.

Играта стана се погруба, следеа исклучувања, а Нарсис погоди за 19-20. По ова Дибиров „летачки“ спаси во одбраната, а Канелјас го награди со погодок. Но, Абало изведе магија (20-21). Се појави и Генсхајмер и израмни на 21-21, на осум минути до крајот.

Дибиров направи уште една феноменална кражба и погоди за ново водство на Вардар (21-22). Потоа и Борозан упати проектил за два гола предност. Ремили намали. Но, Циндриќ го исфинтира Лука Карабатиќ, кој заработи исклучување. Дибиров не реализира, и ПСЖ појде во последен напад, а Сердарушиќ зема тајмаут. Нарсис даде гол.

Но, Раул Гонзалес побара тајмаут, а Иван Чупиќ во последната секунда го освои пехарот.