Ване Костуранов: Златен Даб успешно ја гради приказната за модерен и урбан бренд, со амбиција да биде точка на зближување на луѓе со различна позадина

Мината неделаа во Three Kitchen & Bar во Скопје, беа промовирани новите Limited Edition лименки на Златен Даб. Брендот веќе по четврти пат им дава доверба на домашните уметници во осмислувањето на неговиот изглед, на тој начин поддржувајќи ја младата арт сцена во Македонија. Ване Костуранов е еден од уметниците чиј потпис стои на лименките Златен Даб. Тој е сликар и илустратор, роден 1979 година во Струмица. Активно се занимава со сликарство дваесетина години. Учествувал на повеќе групни изложби, а одржал и 12 самостојни.

Во разговор со Скопје Инфо тој вели дека инспирацијата за лименката Златен Даб доаѓа од неговото секојдневно опкружување - мирисите, звуците и енергијата која го опкружува, а градовите, домот, куќите се негова инспирација и тема на обработка веќе подолго време. 

Го прашавме каква порака сакал да испрати со овој дизајн, а тој вели дека тргнал со идејата да создаде решение кое е препознатливо за неговото творештво и кое визуелно ќе го привлече вниманието на рафтот.

- Во исто време сакав овој производ да раскаже приказна за еден модерен град и убавината на големите урбани средини, претставена преку нивната шареноликост и динамичност, вели Костуранов. 

Додава дека Златен даб успешно ја гради приказната за модерен и урбан бренд, со амбиција да биде точка на зближување на луѓе од најразлична позадина. Токму Златен Даб веќе четири години, наназад преку овој проект вложува во уметноста и поддржува и инспира млади уметниците за креираат и творат. Го прашавме и што значи оваа поддршка за него и за уметноста.

Костуранов вели дека Идејата за лимитирана серија и вклучување на домашни уметници од различни сфери е одлична. 

- Тоа е прекрасна можност за уникатна инспирација, креативно изразување, запознавање и поврзување, заклучува тој во краткиот разговор на тема Златен Даб, творење и уметност.