Вандалски чин во Паркот на езерата во Аеродром

Изминатиот викенд во Паркот на езерата група несовесни граѓани извршиле вандалски чин, кршејќи ја и уништувајќи ја урбаната опрема.

Случајот е пријавен до надлежните полициски служби.

-Апелираме до граѓаните доколку забележат повторно насилство во паркот или во околината веднаш да пријават во полиција или во Општината, се вели во соопштението на Општина Аеродром.