
Малата црквичка во Националниот парк „Галичица“, кај превојот „Баба“ била вандализирана од засега непознати сторители, објави порталот „OhridPress“.
Порталот пренесува дека сторителите го имаат турнато едниот дел, кој е паднат преку оградата. Со оглед на фактот дека е поставен на тежок и масивен бетонски постамент, најверојатно во вандалскиот чин учестувале повеќе лица, а можно е и да било користено и возило или некоја друга машина.
Инаку, црквата „Св. Ѓорѓи“ и превојот „Баба“ се наоѓаат на планинскиот масив Галичица, а до неа се стигнува преку регионалниот пат кој ги поврзува Охрид со Ресен и Преспа.
ФОТО: ОхридПрес