Вандализирана клупа во Капиштец - Џуровски: „Со ваква младина треба да се грижиме за нашата иднина“

Познатиот македонски типограф и графички дизајнер Ласко Џуровски утрово сподели непријатна глетка од скопски Капиштец.

Во објава на Фејсбук, Џуровски сподели фотографија од превртена и искршена клупа во паркот спроти Министерството за економија.

„Утринска глетка во паркот во Капиштец, карши Министерство за економија. Со ваква младина треба да се грижиме за нашата иднина“, гласи неговата кратка објава.