Вандализам во скопски Аеродром, жителите бараат камери

Вандализам во скопски Аеродром. Овој пат, во фејсбук групата „Стари скопјани“ објавена фотографија од искршена и уништена кутија на ЕВН на зелена површина во скопски Аеродром. 

Жителите бараат да се постават камери за да се наоѓаат и казнуваат сторителите на овие вандалски постапки кои не се реткост во општината. 

Често се искршени клупи, канти за отпадоци, детски реквизити, споделуваат аеродромци.