Вандализам во Градскиот парк: Еве што оставија скопјани по рекреацијата овој сончев викенд!

Од ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје споделија фотографии од вандализам во Градскиот парк.

Имено, изминатиот сончев викенд ја зголеми посетеноста во Градскиот парк што придонесе надлежните екипи да соберат еден полн камион со отпадоци кои посетителите ги оставија зад себе.

-Како ова да не беше доволно, утрово наидовме на три фрлени клупи во езерцето во Првиот дел на паркот по што веднаш ги извадивме , додека во Вториот дел затекнавме превртена мобилна тоалетна кабина, информираа од претпријатието.

Оттаму упатија апел до сите граѓани да не фрлаат ѓубре и совесно да ги користат и чуваат парковските елементи при посета на парковите и да се грижат за природата која е од огромно значење за сите нас.