Вандализам во Аеродром - Оштетени детски и спортски игралишта, канти за отпадоци, клупи, летниковци...

Во изминатиот период на територијата на oпштина Аеродром, за жал, се забележува зачестена појава на оштетувања на урбаната опрема (детски и спортски игралишта, канти за отпадоци, клупи, летниковци...), ормарите за осветлување и светилките на јавните површини, информираа денеска од локалната самоуправа. 

На фотографиите се гледа дел од причинетата штета.

- Со ваквите вандалски постапки не само што се предизвикуваат финансиски трошоци кои ги плаќаат жителите, туку што е уште пострашно се загрозува и безбедноста на граѓаните и секојдневното нормално функционирање. Апелираме до сите да ја почитуваат јавната инфраструктура и да помогнат во зачувувањето на нејзината уредност и безбедност, велат од општина Аеродром. 

Воедно, ги охрабрувааат граѓаните да пријават какви било случаи на вандализам и оштетувања до надлежните служби.

- Само со заедничка грижа и посветеност можеме да имаме сигурно опкружување без ризици од несакани повреди и други последици, велат надлежните.