
Општина Карпош ја известува јавноста дека вчера (недела), во раните утрински часови, извршен бил вандалски чин во кој била оштетена новогодишната елка, поставенa на плоштадот Делфина во Влае.
„Службите од ПС Карпош веднаш излегоа на увид и истите постапуваат согласно надлежностите во откривање на сторителите“, велат од Општина Карпош.
Во објавата на социјалните мрежи, од Општината посочија дека новогодишната елка и останата декорација е дел од празничната магија која треба да ги збогати овие денови.
„Затоа апелираме до сите граѓани за одговорно однесување, а секој што ќе примети недолични дејства на јавните површини во општината, веднаш да пријави до ПС Карпош“, апелираа од Општина Карпош.