Вандали ги кршат стаклата на новите возови

По само два месеца обраќање возовите со скршени стакла, изгребани се однадвор но и внатре, дел од заштитните пластики се скршени, а некому му било досадно за време на удобното возење па ги сечел и горел седиштата.


Дел од вандализмот веќе е саниран за што директорот Костов апелира веднаш да се сопре уништувањето на возовите, пренесува Канал5.

Организирана и информирана група пак според дежурните во железница поставуваат камења на самата железничка пруга со што во прашање ја доведуваат безбедноста на патниците и велат среќа е што нема исфрлени возови од пруга.

Пред неколку дена машиновозачот забележал камења и започнал со кочење по што скршен бил дел од машината, дефект кој железници ја чини 60 илјади евра.

За два месеци пристигнуваат уште две патнички композиции по што дури 65 проценти ќе биде обновен возниот парк на железници.