Вандали дивееле низ Градскиот парк викендов

Градскиот парк повторно настрада од вандали изминатиов викенд. Од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ информираат дека за сега непознати сторители искршиле повеќе делови од урбаната опрема, ситемите за наводнување и дел од младите садници кои скоро беа засадени во паркот.

Некој дури поставил огромен теписон во вид на шатор во близина на фонтаната „Лотосов цвет“.

- Колку е нечовечки и бесрамно да се уништува она што е создадено како општо добро за сите нас. Расфрлан кабаст отпад, уништени млади садници, оштетен хидрантски систем за полевање на зеленилото, расфрлан смет и отпадоци насекаде...

Зар така би направиле и во вашите дворови и градини? Дајте бар малку почит кон градските зелени средини – парковите – реагираат од јавното претпријатие.