Холандскиот интернационалец Робин ван Перси најверојатно ќе истрча вечерва против Вардар во реваншот од Лига Европа најавуваат турските весници.
Првичната информација беше дека ван Перси има грип и поради тоа повторно нема да игра но очигледно дека во турскиот клуб ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата и бараат од својата најголема ѕвезда да помогне да се мине Вардар во плеј-офот за Лига Европа.
Натпреварот во Истанбул се игра со почеток во 19.30ч а Вардар ќе ја брани предноста од 2-0 во Скопје.