Вакцинираните ќе бидат заштитени од тешка зараза со омикрон, тврди д-р Јовановиќ од српскиот кризен штаб

Вирусологот и членка на кризен штаб во Србија, д-р Тања Јовановиќ, потврдува дека состојбата во соседната земја е постабилна од претходно и дека нема очекувања за пораст на бројот на новозаразени. 

Таа вели дека во Србија се уште нема омикрон, но не е исклучена можноста да дојде во земјата со враќање на Србите од странство за претстојните празници, но и дека се надева дека ќе се воспостави поголема контрола над патниците кои доаѓаат од ризичните земји.

„Без оглед на тоа што веројатно ефикасноста е намалена, сите вакцини и вакциналниот имунитет ќе помогнат да не се развие тешка форма на болеста и да не се појави потреба од хоспитализација“, изјави таа за Н1.