Вакцинираните граѓани можат да генерираат CommonPass сертификат за патување

Покрај сертификатот за примени две дози од ковид-19 вакцина, можете да изгенерирате и CommonPass сертификат за патување. 

Со најавување на vakcinacija.mk, покрај податоците за вакциналниот статус, добивате код со кој се приклучувате на програмата CommonPass. За успешно да го добиете овој сертификат, треба да го внесете бројот на вашиот пасош, по што добивате документ со QR код. 

Симнете ја апликацијата CommonPass од PlayStore или AppStore, во зависност од уредот кој го користите.

Од добиениот ПДФ-документ кој ги содржи вашите основни податоци и информациите за вакцината, скенирајте го кодот. Со тоа, вие веќе го имате генерираниот CommonPass на вашиот мобилен телефон и можете да го приложите кога патувате. 

Повеќе информации можете да добиете на commonpass.mk.