Вакцината на Фајзер најслабо штити од омикрон сојот

Постоечките вакцини треба да продолжат да ги штитат луѓето заразени од новиот вид на Ковид-19 вирусот, Омикрон од тешки хоспитализации, изјави претставник на Светската здравствена организација (СЗО) .

Првите лабораториски тестови на новиот вид во Јужна Африка сугерираат дека тој делумно може да ја избегне заштитата создадена од вакцината Фајзер.

Истражувачите велат дека има многу голем пад во тоа колку добро антителата на вакцината го неутрализирале новиот вид. Сепак, директорот за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан, истакна дека нема знаци дека Омикрон би бил повеќе отпорен во избегнувањето на вакцините од другите варијанти.

-Имаме многу добри вакцини кои досега се покажаа ефикасни против сите варијанти, во смисла на сериозни болести и хоспитализација, и нема причина да се очекува дека тоа нема да биде случај овој пат, што се однесува до Омикронот, изјави Мајк Рајан.