Вакцината на „Фајзер“ ефикасна против новите видови коронавирус

Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ задржува голем дел од својата ефикасност и против главните мутации на коронавирус што предизвикува Ковид-19, англискиот и јужноафриканскиот вид, се вели во соопштение на двете компании.

Тестовите не покажаа потреба за нова вакцина за справување со новите видови, соопштија двете компании.

Тие додадоа дека ќе продолжат да ги следат новите видови и дека се подготвени да реагираат доколку тие мутации се покажат отпорни на вакцината.