Вакцината Модерна веќе и официјално се дистрибуира под новото име

Вакцината Модерна го носи името на компанијата која ја произведува, но од неодамна веќе се дистрибуира и под новата назнака, Спајквакс (Spikevax). 

Во тој контекст, Полска, која има залихи од оваа вакцина, одлучи да донира поголем дел за соседна Србија. 

Во Македонија Модерна/Спајквакс досега не била дистрибуирана, иако има Македонци кои ја примиле надвор од земјава. Се работи за вакцина базирана на мРНК технологијата, исто како и една од најчесто даваните вакцини, Фајзер/Бионтек. 

Европската агенција за лекови веќе го усвои името Спајквакс во нивните официјални документи и од пред неколку дена ја одобри како бустер доза, заедно со вакцината на Фајзер.