Вагони на товарен воз се излизгаа на пругата кај Куманово, блокиран железничкиот сообраќај

 Вагони на товарен воз на МЖ Транспорт, што сообраќал од Куманово кон Скопје, се излизгале ноќеска околу два часот на излезната свртница кај  кумановската железничка станица, поради што е во прекин железничкиот сообраќај, потврдија за МИА од железничкото претпријатие.

Оттаму информираат дека во несреќата нема повредени лица и оти според првичните информации е причинета голема материјална штета.

Во тек е истрага за причините на несреќата. Од  МЖ Транспорт најавуваат дека ќе објават соопштение со детали за несреќата.