Vaal во Епицентар

На огромно задоволство диџејката Vaal ќе пушта музика на 31 јули, сабота во клубот „Епицентар“. Ниту еден артист досега си ја нема саботирано сопствената кариера, за да се реинкарнира во сосема нова фигура, на една сосема различна музичка сцена.

Зад името на младата техно-продуцентка и диџејка Vaal стои ќерка на Стин и Труди Стајлер, семејство кое претставува кралско рокендрол семејство. Од својата 13-годишна возраст, таа свири гитара и компонира, за подоцна на 18 години да формира бенд „I Blame Coco“ со кој ќе биде забележана како одличен, млад артист со неверојатен сензибилитет за експериментирање во алтернативната рок-музика.

Почеток: 23.59 часот.